Возилото со регистарски таблички на Република Северна Македонија се движело од правец од Албанија кон Црна Гора, а супстанцата, спакувана во неколку поединечни пакувања, била пронајдена во скриен бункер на возило наменето за криумчарење, се вели во соопштението
Од МВР се уште нема официјална потврда за случајот, ниту детали за него
Вчера на граничниот премин меѓу Албанија и Црна Гора Сукобин откриена е дрога во полициско возило со македонски регистерски таблички.
Како што соопшти царинската служба на Црна Гора службеници на царинска испостава во Сукобин во координација со полициската управа, заплениле дрога и спречиле шверц при контрола на полициско возило со регистарски таблички од Северна Македонија, кое се движело од Албанија кон Црна Гора, објави МИА.
„При контрола на патничкото моторно возило, пронашле поголема количина на растителна материја за која постои основано сомнение дека се работи за наркотици. Возилото со регистарски таблички на Република Северна Македонија се движело од правец од Албанија кон Црна Гора, а супстанцата, спакувана во неколку поединечни пакувања, била пронајдена во скриен бункер на возило наменето за криумчарење“,
се наведува во соопштението.
Во согласност со протоколот за билатерална соработка, понатамошната постапка ја презела надлежната институција на Република Албанија.
Од МВР се уште нема официјална потврда за случајот, ниту детали за него.