Расте бројот на новозаболени лица од ковид-19 во земјите од Балканот.
Во изминатите 24 часа, во Србија се евидентирани 757 нови случаи на ковид-19, што е најголем број за едно деноноќие од почетокот на пандемијата. Во 24 часа починаа три лица.
Најмногу новозаразени има во Белград – 433. Во последните 24 часа биле хоспитализирани 135 пациенти, а 23 се на апарати за дишење. Во моментов во болниците има 616 пациенти со ковид-19. Вкупно 38 872 лица се заразени во Србија од почетокот на пандемијата, а 789 починале.
Рекорд на новозаболени за еден ден има и во Босна и Херцеговина– 1 251 нови случаи, а 10 пациенти починале.
Во Словенија, во последните 24 часа биле потврдени 1 963 нови случаи што е за 300 повеќе од претходниот ден, а 18 лица починале. Ова е нов црн рекорд за бројот на нови случаи и бројот на смртни случаи досега во Словенија.
Во последните 24 часа во Бугарија се потврдени 1 589 нови случаи на коронавирус, нешто помалку од вчерашниот рекорден биланс од 1 595 новоинфицирани, а 13 лица починаа.
Во Грција во последните 24 часа се потврдени се 935 случаи на ковид-19, а починати се пет лица.