Во последното деноноќие Црна Гора регистрира 996 нови случаи на коронавирус од 2.844 тестирања, соопшти денеска тамошниот Институтот за јавно здравје. Починале шест лица.
Учеството на позитивни случаи во вкупниот број на тестирани е 33,93 отсто.
Вкупниот број на смртни случаи поврзани со инфекција од ковид-19 во Црна Гора од почетокот на пандемијата е 2.513.
Сега, активни се 9.580 случаи, а од почетокот на епидемијата, вкупниот број на регистрирани случаи на заразени со новиот корона вирус во Црна Гора е 213.140.