Во последните 24 часа, Украина забележа црн рекорд во регистрирање на нови случаи во овид-19.
Како што соопштија украинските здравствени власти, дијагностицирани се 3 833 лица со ковид-19, а вкупно 76 пациенти починаа за едно деноноќие.
Во последните три дена во Украина бројот на нови случаи се движи околу 3 500, а бројот на починати варира околу 50 лица дневно.
Од почетокот на епидемијата во оваа земја се регистрирани 195 504 лица со новио коронавирус, а од нив починати се вкупно 3 903, додека пак 85 133 лица успеале да го победат вирусот.