Според најавата на УХМР, од петок следува период на претежно сончево и потопло време и дневни температури кои насекаде во земјата ќе бидат над 30 степени
Развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен ветер како последица на циклонска активност во Турција – најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер појава на град.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 11 до 18 степени, а максималните од 25 до 36 степени.
Времето во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има услови за развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен северен ветер. Температурите ќе се движат од минимални 17 до максимални 33 степени.
Според најавата на УХМР, под влијание на циклонска активност од Турција, денеска и утре ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Во четврток ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, a од петок следува период на претежно сончево и потопло време.
