Сите домашни и меѓународни анализи покажуваат дека нашето образование не ги дава потребните ефекти и не им дава знаење на учениците. Реформи ни се потребни итно, но досега чекори не се правеле, порача министерката за образование Мила Царовска во Собранието одговарајќи на пратеничко прашање за тоа што ќе понуди новата концепција за основното образование.
„Стратегијата 2018-2025 јасно укажува дека основното образование треба итно да се реформира и тоа на овој начин. Да не го употребуваме учебникот како единствено средство за учење. Законот за основно образование утврдува дека е потребна нова концепција веднаш по донесување на законот, а потоа да се подготват наставни материјали. Анализите покажуваат дека учениците во второ одделение само 40 отсто читаат со разбирање и тоа се поразителни факти. Со години се зборувало за национално тестирање, в година треба да направиме пилот-национлано тестирање кои ќе ни ги покаже резултатите на нашите ученици. Се подготви работна група од Бирото за развој на образованието и таа група предложи македонски современ концепт на образование. Треба да го смениме системот на фактографско учење. Никаде не се стремат веќе учениците да помнат само факти, туку да учат со разбирање и да учат преку дискусија“,
рече Царовска.
Таа рече дека концепцијата нуди многу и за наставниците и за учениците и повтори дека ниту еден наставник нема да остане без работа.
„Наставниците досега беа присилувани да следат јасни инстукции без да имаат можност да имаат автономија креативно да ја подобруваат наставната програма, согласно културата на живееење на нивните ученици. 4 160 наставнии кажаа дека сакаат да имаат повеќе автономија во делот на подготовка на наставни програми. Никој нема да остане без работа, напротив. Во моментот се разговара за системот за вработување на наставници. Претходно беа држени на кратко ланче за да можат да бидат принудени да гласаат на избори“,
рече Царовска.