„Во саботата на царинската испостава „Богородица“ на влез во државата се пријавило товарно возило со грчки регистраски таблички, за кое со царински документ биле пријавени 28 колети вода, пити, салати и пиперки. Заради детален преглед, возилото е пренесено во јавен царински склад, каде што по отпочнување на прегледот превозникот изјавил дека има и друга непријавена стока, замрзнато свинско месо, чија вредност според приложените документи изнесува 11 илјади евра“, велат од оваа институција
Спречено е шверцување на два тони месо штетно за здравјето на граѓаните, информира денеска Царинската управа.

Оттаму велат дека превозникот, воедно и сопственик на транспортираното возило, месото не го пријавил со царинска декларација, а за него не поседувал ниту ветеринарен сертификат.
„Во саботата на царинската испостава ‘Богородица‘ на влез во државата се пријавило товарно возило со грчки регистарски таблици, за кое со царински документ биле пријавени 28 колети вода, пити, салати и пиперки. Заради детален преглед, возилото е пренесено во јавен царински склад, каде што по отпочнување на прегледот превозникот изјавил дека има и друга непријавена стока, замрзнато свинско месо, чија вредност според приложените документи изнесува 11 илјади евра“,
велат од Царинската управа.

Како што информираат од Управата, по поднесената кривична пријава, донесена е и пресуда за сторено кривично дело, криумчарење на стока.
Оттаму информираат и дека случајот е преземен од страна на инспектори во Одделение за истраги при сектор за контрола и истраги, кои поднеле кривична пријава до Основен кривичен суд Гевгелија, каде што е донесена пресуда за сторено кривично дело криумчарење по член 278 од Кривичниот законик.
Од Царината велат дека во континуитет спроведуваат акции за сузбивање на сите форми на криминал.