По тестирањето на содржината со специјална опрема царинските служби утврдиле дека во четирите пратки има дрога, конкретно 12,5 грама метамфетамин, МДМА, со вкупна тежина од 20 грама и кокаин со тежина од 8 грама
Дополнително, при претрес на неговиот дом биле пронајдени две стаклени шишенца со зелена растителна материја со интензивен мирис, две стаклени лулиња за пушење марихуана и 33 ампули тестостерон
По добиена разузнавачка информација, Царинската управа спречила обид за шверц на дрога, која државјанин на Соединетите Американски Држави (САД) сакал да ја внесе во земјава сокриена во пакувања за дивиди и цедеа кои преку поштенски пратки пристигнале во Франција.

Осомничениот бил приведен при прием на пратките на Царинската испостава „Пошти“.
Имено, споделувајќи детали за случајот, од Царинската управа информираа дека по пристигнувањето на пратките во Царинската испостава „Пошти“, наменети за лицето со иницијали Ј. Е., царинските службеници извршиле контрола со скенер за поштенски пратки, во која детектирале сомнителна содржина.
Бил повикан мобилен царински тим и царинско куче, кои презеле соодветни дејствија, а по тестирањето на содржината со специјална опрема царинските служби утврдиле дека во четирите пратки има дрога, конкретно 12,5 грама метамфетамин, МДМА, со вкупна тежина од 20 грама и кокаин со тежина од 8 грама.
„Случајот е предаден на понатамошна постапка на Одделението за истраги, од каде се преземени предистражни дејствија“,
се вели во соопштението од Царината.
По налог на јавен обвинител, инспектори за спроведување истраги, во моментот на примопредавање на пратката, го привеле осомничениот Ј. Е. и извршиле претрес на домот каде што живеел заедно со сопругата, каде биле пронајдени две стаклени шишенца со зелена растителна материја со интензивен мирис, две стаклени лулиња за пушење марихуана и 33 ампули тестостерон.
Дрогата пронајдена во поштенските пратки и во домот на лицето е одземена и испратена на вештачење, а против него ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното јавно обвинителство, велат од Царинската управа.
