Обидот за криумчарење, како што посочи, е откриен при детална контрола на минибус во сопственост на туристичка агенција од Албанија, во кој се превезувале седум патници
Царинските службеници забележале преправки на возилото, по што е ангажирано царинско куче кое сигнализирало можност за криумчарење токму на сомнителното место. Сомнежите дополнително се потврдени по скенирање на возилото од страна на Службата за мобилни скенери. По демонтажа на дел од конструкцијата, инспекторите откриле 500 000 евра во кеш, сокриени во специјален простор во возилото
Царинска управа спречи обид за нелегален пренос на половина милион евра во готово на граничниот премин „Табановце“, соопшти директорот на институцијата, Бобан Николовски.

„Парите се пронајдени во специјално изработен бункер во минибус, спакувани во 14 проѕирни кеси“,
кажа тој.
Според него, станува збор за најголема заплена на девизи во историјата на македонската Царинска управа.
„Девизите и возилото се трајно одземени, а против возачот, албански државјанин со иницијали Џ.Г., кој управувал со минибусот, веќе е изречена судска пресуда од Основниот суд во Куманово“,
вели директорот на Царина.
Обидот за криумчарење, како што посочи, е откриен при детална контрола на минибус во сопственост на туристичка агенција од Албанија, во кој се превезувале седум патници.
„Царинските службеници забележале преправки на возилото, по што е ангажирано царинско куче кое сигнализирало можност за криумчарење токму на сомнителното место. Сомнежите дополнително се потврдени по скенирање на возилото од страна на Службата за мобилни скенери. По демонтажа на дел од конструкцијата, инспекторите откриле 500 000 евра во кеш, сокриени во специјален простор во возилото“,
изјави Николовски.
Согласно законските процедури, запленетите девизи веднаш биле предадени на Агенција за управување со одземен имот, а потоа депонирани во Народна банка.
Директорот им се заблагодари на царинските тимови за, како што рече, брзата и професионално спроведена акција, нагласувајќи дека секој обид за нелегален прекуграничен пренос на готовина ќе биде најстрого санкциониран.
Цариниците кои учествуваа во акцијата, како што рече, ќе бидат наградени со по 10 000 денари.
