Накитот е со вкупна тежина од 1,7 килограми и истиот е запленет
На граничниот премин „Блаце“ се запленети 595 сребрени прстени што биле сокриени под автомобилски седишта, соопштија денеска од Царинската управа.

Оттаму велат дека накитот бил сокриен со намера сторителот да избегне плаќање на давачките.
Накитот е со вкупна тежина од 1,7 килограми и истиот е запленет.
Против стирутелот ќе биде поведена соодветна постапка.
Прекршокот е документиран со телесни камери.

