Многумина се подготвуваат да ја поминат третата ноќ на отворено по земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала што се случи доцна во петокот
Мароко е во трка со времето во обид да се најдат исчезнати по разорниот земјотрес што се случи доцна во петокот.
Светските медиуми јавуваат дека селани со раце и со лопати ги пребаруваат урнатините, додека спасувачките екипи се трудат да донесат механизација во оддалечените области.
Епицентарот на потресот бил во планинскиот венец Висок Атлас, а најпогодени се планинските села јужно од Маракеш, каде што многу куќи се урнати.
Локалните жители велат дека гладуваат, немаат ниту вода и бараат помош.
Владата објави дека најмалку 2 122 лица загинале, а повеќе од 2 421 се повредени, од кои многумина се во критична состојба.
Потресот од 6,8 степени по Рихтер урна домови, блокира патишта и заниша згради до северниот брег на земјата.
This video shows the moment a deadly 6.8 magnitude earthquake struck Marrakech.
— Sky News (@SkyNews) September 10, 2023
The number of people killed and injured in the earthquake in Morocco is expected to rise further as rescue crews struggle to reach mountainous areas.
Read more: https://t.co/OOy0JLRenQ pic.twitter.com/5PC8fMscQA
Во Маракеш, бројот на загинати, како што пренесуваат агенциите, е значително помал, но градот кој е под заштита на УНЕСКО претрпе значителна материјална штета во силниот потрес.