„Почувствував силен потрес и сфатив дека е земјотрес. Можев да видам згради како се нишаат. Потоа излегов надвор, имаше многу луѓе. Сите беа во шок и паника. Децата плачеа, а родителите беа вознемирени“, изјавил 33-годишниот Абделах ел Амрани, кој живее во Маракеш, за новинската агенција АФП
Смртниот биланс ја надмина бројката од 1 000 загинати, но, според државните медиуми, бројот на жртви не се знае со сигурност додека траат напорите на спасувачите во потрага по преживеани
Жители на градот Маракеш со ужасеност раскажуваат за земјотресот со јачина од 6,8 степени кој го погоди Мароко. Маракеш е градот кој најсилно го почувствува и претрпи најголеми последици од земјотресот што ја погоди земјата.
Земјотресот се случи во доцните вечерни часови и многу од луѓето ги затекнал на спиење. Но, поради силниот потрес, тие набрзо во паника почнале да ги напуштаат своите домови, пишува Би-би-си.
По главниот потрес следувал афтершок од 4,9 степени според Рихтеровата скала, кој се случил 19 минути подоцна.
Смртниот биланс ја надмина бројката од 1 000 загинати, но, според државните медиуми, бројот на жртви не се знае со сигурност додека траат напорите на спасувачките во потрага по преживеани.
Епицентарот на земјотресот се наоѓал во планините Атлас, а многумина од загинатите се во градот Маракеш, оддалечен на околу 70 километри од епицентарот,
„Почувствував силен потрес и сфатив дека е земјотрес. Можев да видам згради како се нишаат. Потоа излегов надвор, имаше многу луѓе. Сите беа во шок и паника. Децата плачеа, а родителите беа вознемирени“,
изјавил 33-годишниот Абделах ел Амрани, кој живее во Маракеш, за новинската агенција АФП.
Prayers for Morocco 🇲🇦 May Allah help and protect those who are effected and have mercy on everyone 🤲 🙏🏻
— 𝐒andra 𝐇aj (@Sandra_Huj) September 9, 2023
#زلزال_مراكش #زلزال #زلزال_المغرب#Morocco #earthquake #moroccoearthquake #deprem #fas #fas_depremi #morocco #maroc #earthquake pic.twitter.com/N3tRFaonkj
Мишел Бизе, француски државјанин кој поседува неколку имоти во стариот град на Маракеш за агенцијата изјавил оти мислел дека кревет ќе му одлета.
„Излегов на улица полугол и веднаш отидов да ги видам моите ријади (традиционални марокански куќи). Тоа беше тотален хаос, вистинска катастрофа, лудило“,
изјавил тој за АФП.
Британскиот новинар Мартин Џеј, кој живее во Мароко, рекол дека го разбудил звукот на вресоци.
„Првото што го слушнав беше мојата сопруга која врескаше. Некако ги отворив очите и не можев сосема да ги спојам точките. Не можев сосема да ја поистоветам ситуацијата, не можев да замислам дека сум среде земјотрес. Сè вибрираше, сè, креветот, подот, четирите ѕида“,
изјави тој во денешната програма на Би-би-си Радио 4.
Тој рече дека на луѓето им било кажано да не се враќаат во своите домови.
„Значи, беше чудна вечер во речиси секој град во Мароко, повеќето луѓе седат на земја надвор од нивните куќи или станбени блокови бидејќи се плашеа од вториот земјотрес за кој предвидуваа дека ќе дојде два часа подоцна. Фала му на Бога не се случи тоа“,
вели новинарот.
Фајсал Бадур, исто така од Маракеш, возел кога земјотресот се случил во 23:11 часот по локално време.
„Застанав и сфатив каква катастрофа е тоа. Врескањето и плачењето беа неподносливи“,
изјавил тој за АФП.
Мина Метиуи сведочи дека во Маракеш бучавата звучела како „борбен авион“ станувајќи сè погласна.
„Следното нешто што го гледам, мојата соба се движи, сликите, рамки почнаа да паѓаат од ѕидот“,
изјави таа за Би-би-си њуз.
Напорите за пронаоѓање на преживеани и расчистување на последиците се во тек во Маракеш и населените места во близина на епицентарот на земјотресот. Во Маракеш, како што пренесува британскиот национален сервис, многу згради се сериозно оштетени.
„Нашите соседи се под урнатините и луѓето напорно работат за да ги спасат користејќи ги достапните средства во селото“,
изјавил Монтасир Итри, кој живее во планинското село Асни, блисзу епицентарот, за Ројтерс.
Shocked woman filming her entire village being destroyed in the Atlas mountains
— Kinetik (@KinetikNews) September 9, 2023
Morocco’s earthquake#earthquake #Maroc #moroccoearthquake #Morocco #earthquakemorocco #pray #hope #god #Marrakesh pic.twitter.com/DSrb8YCX0G
Историскиот град Маракеш е популарен меѓу туристите привлекувајќи илјадници луѓе секоја година.
Од македонското Министерството за надворешни работи (МНР) денеска информираа дека двајца македонски државјани се евакуирани и моментално се наоѓаат во камп во градот Маракеш.
Тие, според информациите на МНР, се во добра состојба и утре вечер патуваат за Мадрид.
Од МНР велат дека нашето Дипломатско-конзуларно претставништва во Каиро е во комуникација со надлежните институции во Мароко за евентуални наши државјани во погодените региони и потреба за евакуација.