Резултатите од обдукцијата се доставени во МВР и во Агенцијата за храна и ветеринарство за понатамошно постапување. Поднесена е и кривична пријава, а по сторителот активно се трага и се проверуваат сите снимки од безбедносните камери
Сортните коњи од видот монголски степски – Пржевалски коњи во ЗОО – Скопје се отруени со брзодејствувачки отров, покажале официјалните резултати од обдукциските наоди, информираа од Зоолошката градина во Скопје на официјалниот фејсбук-профил.
Резултатите од обдукцијата се доставени во МВР и во Агенцијата за храна и ветеринарство за понатамошно постапување. Поднесена е и кривична пријава, а по сторителот активно се трага и се проверуваат сите снимки од безбедносните камери.
„Ваквиот срамен и кукавички чин силно го осудуваме и апелираме до МВР и Обвинителството да постапат што е можно побрзо со цел санкционирање на сторителот“,
апелираат од ЗОО – Скопје.
Вработени во зоолошката градина на крајот на јули пријавија во полиција дека прво угинале два коњи, а ден потоа и трет. Тие се посомневале дека коњите се отруени, што се потврди и со обдукцијата. Според дел од вработените, коњите умреле многу брзо. Во околината немало никаква друга храна, животните не давале знаци на болест претходно, а во близина имало и угината птица.
Станува збор за три коњи донација од австриски национален парк, со потекло од Монголија.
Претходно, во зоолошката градина во мај годинава угина жирафата Каспер. По анализите беше констатирано дека се работи за инфекција со салмонела. Оваа инфекција била пронајдена во желудникот на жирафата, црниот дроб, слезината и цревата.