Паралелно со железничката линија, како што посочуваат од партијата, поврзувањето со Косово се унапредува и со изградбата на автопатот Скопје-Блаце
Железничките претпријатија на Северна Македонија и на Косово работат на воспоставување директна железничка линија помеѓу Скопје и Приштина, која се очекува да биде пуштена во сообраќај следната година – објави денеска владејачката Влен.

„Од Скопје до Приштина со воз за околу 50 минути. За граѓаните ова би значело побрзо патување и уште една можност за транспорт, без разлика дали одат на работа, на студии или кај своите блиски“,
велат од Влен.
Паралелно со железничката линија, како што посочуваат оттаму, поврзувањето со Косово се унапредува и со изградбата на автопатот Скопје-Блаце, со што ќе се олесни патувањето кон Приштина и транспортот на стоки. Од Влен велат дека како коалициски партнери во власта се загаат овие проекти да се реализираат што поскоро со цел полесно и побрзо патување за граѓаните и поефикасен транспорт на стоки за компаниите.
