Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 1 октомври 2026 г. на МРТ 1
Во ова издание објавуваме:
– МВР и „Индустри сервис“ ги образложуваат цените за исхрана на полицијата – зошто дел од готовите производи се поскапи отколку во маркетите; продолжение на сторијата за тригодишниот рамковен договор вреден до 17,5 милиони евра;
– Од Виена – поддршка за проширувањето на ЕУ, но различни перспективи за земјите од Западен Балкан – додека Црна Гора се приближува до завршување на преговорите, како Македонија да се придвижи; интервјуа со австриската министерка Клаудија Бауер и вицепремиерот Беким Сали;
– кога македонските граѓани ќе можат да користат „роаминг како дома“ во ЕУ – првпат најавен можен рок за воведување на оваа поволност;
– „Саботажа“.
