Дополнителниот заменик – министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски обвини дека тутунопроизводителите останале без договори за наредната реколта и повика на итно решение за проблемот.
Бара откупувачите да се свикаат на средба во Влада и да се договори стратегија, затоа што како што посочува, на илјадници семејства им е загрозен единствениот извор за езгистенција.
„ Она за што изминативе месеци укажував и предупредував денес за жал е реалност. Таканаречената реформа на Николовски, Димковски и Заев денес ги остави тутунарите без договори за наредната реколта. Веднаш да им се реши проблемот на тутунопроизводителите. Да се викнат откупувачите во Влада и да се договори стратегија. Тутунопроизводството не смее да замре. Илјадници семејства леб вадат од таа дејност“,
напиша Трипуновски на Фејсбук.