Од Обвинителството велат дека поради тоа што постои опасност од бегство, можност за влијание врз оштетената и за повторување на делото, јавен обвинител до судија на претходна постапка од тетовскиот Основен суд, поднел предлог за определување мерка притвор за осомничениот

Против 30-годишник ќе се води истражна постапка поради сомнение дека сторил кривично дело полов напад и силување, информираат од Основното јавно обвинителство Тетово.
Осомничениот, како што се наведува во образложението од Обвинителството, на 30 јули во вечерните часови, во близина на бензинска пумпа на влезот од Тетово, нападнал жена со која до неодамна бил во врска.
„Осомничениот ја следел жената додека се враќала од работа и започнал да ја влече за коса“,
се вели во соопштението од Обвинителството.
Потоа, се додава во образложението, спротивно на нејзина волја и со закана дека ќе нападне врз нејзиниот живот, 30-годишникот ја принудил на сексуални односи.
Од Обвинителството велат дека поради тоа што постои опасност од бегство, можност за влијание врз оштетената и за повторување на делото, јавен обвинител до судија на претходна постапка од тетовскиот Основен суд, поднел предлог за определување мерка притвор за осомничениот.