Земјотрес е почувствуван по полноќ и во северниот дел од државата, со јачина од 2,5 степени и епицентар кај граничниот премин „Блаце“ на македонско-косовската граница
Три земјотреси се почувствувани во земјава по полноќ, од кои најсилниот со јачина од 3,2 степени ја погоди околината на Гевгелија, информира Европскиот медитерански сеизмолошки институт (ЕМСЦ).
Прв е почувствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени, со епицентар на 16 километри од Гевгелија, а го почувствувале и жителите на Дојран. Неколку минути подоцна во истиот регион е почувствуван уште еден земјотрес со јачина од 2,2 степени според Рихтеровата скала.
Десетина минути подоцна земјотрес е почувствуван и во северниот дел од државата, со јачина од 2,5 степени и епицентар кај граничниот премин „Блаце“ на македонско-косовската граница.
Него го почувствувале жителите на Скопје и околината.
🔔#Earthquake (#земјотрес) M2.8 occurred 4 km NW of #Skopje (Republic of North Macedonia) 3 min ago (local time 01:22:43). More info at:
— EMSC (@LastQuake) December 16, 2024
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/RzpoTcbjry
🖥https://t.co/7iKcPgLkyP pic.twitter.com/c1QCKiDLSm
Според пишувањата на граѓаните на веб-страницата на ЕМСЦ, потресот во Скопје траел кратко, придружен со звук.