Харис инсистира дека Трамп треба се држи до претходно договореното појавување на Еј-би-си њуз. Трамп вчера, на својата платформа Трут соушл, објави дека го прифаќа предлогот на Фокс њуз да се одржи дебата со Харис на 4 септември во Пенсилванија
Изборниот штаб на американската потпретседателка и веројатно кандидатка на демократите за изборите во ноември, Камала Харис, ја одби поканата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп да учествуваат на телевизиска дебата на „Фокс њуз“ во септември.
Харис инсистира дека Трамп треба се држи до претходно договореното појавување на Еј-би-си њуз.
Трамп вчера, на својата платформа Трут соушл, објави дека го прифаќа предлогот на Фокс њуз да се одржи дебата со Харис на 4 септември во Пенсилванија.
Изборниот штаб на Харис денеска соопшти дека Трамп се исплашил и се обидува да се повлече од дебатата на која веќе се согласил.
„Мора да престане да си игра и да се појави на дебатата на која веќе се обврза на 10 септември“,
велат од изборниот штаб на Харис.
Фокс њуз, генерално, се смета за поповолен медиум за Трамп, а Еј-би-си њуз за Харис.
Трамп требаше да дебатира за Џо Бајден на Еј-би-си њуз на 10 септември пред Бајден да ја прекине кампањата за реизбор и да ја поддржи Харис да се кандидира за неговото место.
Трамп учествуваше на дебата со Бајден во јуни во Атланта, Џорџија, водена од телевизиската станица Си-ен-ен. Бајден се чинеше дека има слабо издание за време на дебатата и во неколку наврати го загуби својот циклус на мисли, а неговите слаби перформанси предизвикаа криза во Демократската партија, што на крајот доведе до повлекување на Бајден.