Жалбата беше поднесена синоќа, неколку минути пред полноќ и неколку часа откако судијката Трејси Портер ја донесе пресудата. Таа го одложи нејзиното стапување во сила до петок за да го овозможи поднесувањето на очекуваната жалба
Адвокатите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп поднесоа жалба на судската одлука на округот Кук, во сојузната држава Илиноис, за отстранување на неговото име од гласачкото ливче за прелиминарните избори на Републиканската партија на 19 март, јавија американските медиуми.
Жалбата беше поднесена синоќа, неколку минути пред полноќ и неколку часа откако судијката Трејси Портер ја донесе пресудата. Таа го одложи нејзиното стапување во сила до петок за да го овозможи поднесувањето на очекуваната жалба.
Предметот беше отворен од група гласачи во Илиноис кои сакаат Трамп да биде отстранет од првичните избори во државата поради неговата наводна вмешаност во упадот на Капитол на 6 јануари 2021 година. Тие се жалеа на одлуката на Изборната комисија, која едногласно го одби барањето за отстранување на поранешниот претседател од гласачкото ливче. Гласачите од Илиноис ѝ се придружија на националната група за застапување на гласачите „Слободен говор за народот“ во инсистирањето Трамп да не треба да биде на функцијата, бидејќи, како што велат, тој ги охрабрил и не направил ништо за да ги спречи немирите во Капитол.
Предметот во Илиноис е еден од десетиците тужби ширум земјата, поднесени за да се спречи поранешниот претседател да се кандидира на изборите.
Тужителите ја наведоа ретко користената клаузула во 14-тиот амандман на Уставот со која се забранува „учесници во бунт“ против државата да извршуваат високи владини функции.
На Трамп претходно му беше забрането да учествува на републиканските прелиминарни избори во сојузните држави Колорадо и Мејн, но се очекува Трамп да поднесе жалба и на тие пресуди.
Трамп е отстранет од гласачкото ливче на претседателските прелиминарни избори во Мејн
На 6 јануари 2021 година, поддржувачите на Трамп ја нападнаа полицијата и упаднаа во Капитол во обид да го спречат Конгресот да ја потврди изборната победа на Џозеф Бајден на претседателските избори во 2020 година.
Полицијата почна да го „чисти“ Капитол Хил од демонстрантите