За потсетување, Трамп вети брз крај на руската војна во Украина, користејќи ги односите со украинскиот лидер Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп објави дека го номинирал поранешниот генерал Кит Келог за свој специјален пратеник за Украина и Русија.

„Кит имаше истакната кариера во војската и бизнисот и служеше во многу чувствителни улоги поврзани со национална безбедност во мојата прва администрација. Тој беше со мене од самиот почеток!“,
објави Трамп на својата социјална мрежа Трут соушл.
— Donald J. Trump Posts From His Truth Social (@TrumpDailyPosts) November 27, 2024
За потсетување, Трамп вети брз крај на руската војна во Украина, користејќи ги односите со украинскиот лидер Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин.
Тоа предизвика загриженост кај поддржувачите на Киев дека новоизбраниот претседател ќе бара брз договор што би им ја отстапил украинската територија на Русите или ќе ја загрози нејзината идна безбедност.
Ројтерс претходно објави дека планот на Келог да стави крај на војната ќе го замрзне борбениот фронт и ќе ги принуди двете страни да преговараат.