На релација Гевгелија-Трубарево, меѓу станиците Миравци и Клисура, утрово околу 6 часот и 40 минути од шините се излизгал товарен воз. Нема повредени.
Одроните по патот биле причината за неговото излизгување.
Од СВР Струмица потврдија дека поради незгодата железничкиот сообраќај е во прекин меѓу Гевгелија и Велес.
Полицијата врши увид на местото на несреќата.