Лицата се задржани во полициска станица и по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци
Полицијата денеска привела три лица во скопско поради предизвикување пожар, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на Фејсбук.
„Денеска (09.08.2024) околу 13 часот од страна на полициски службеници од ЕВР Кисела Вода при СВР Скопје, на место викано „Дупки“ во с.Патишка река, скопско, биле лишени од слобода С.А. (59), А.А. (31) и И.А. (25) од Скопје поради основано сомнение дека предизвикале пожар“,
напиша Тошковски.
Лицата се задржани во полициска станица и по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Претходно денеска МВР информираше дека 57-годишен маж од Прилеп доби кривична пријава од Основното јавно обвинителство Кичево поради постоење на сомнеж дека сторил кривично дело – предизвикување шумски пожар. Пријавенито во повеќе наврати предизвикувал пожари на територијата на Општина Македонски Брод. Лицето било затекнато на местото на настанување на пожар и при преглед биле пронајдени предмети со кои ги предизвикал пожарите. Откако бил извршен службен разговор, лицето ги признало делата.
Изминатите денови, полицијата информира дека се пронајдени и уапсени повеќе лица кои се сомничат дека предизвикале шумски пожари. Вчера беше уапсен жител на Општина Чашка, додека, пак, минатата недела, од слобода беа лишени лица кои предизивкале пожар во Прилепско, Радовишко и во Светиниколско.
Пожарот во регионот на Чашка се разгоре, МВР уапси едно лице што го предизвикало
Апсењата се случуваат во период кога земјава се соочува со една од најтешките сезони кога станува збор за шумски пожари. Само во текот на вчерашниот ден било пријавено дека има околу 40 пожари, од кои активни биле девет.
Дваесет дена пожарот кај селото Брезница не може да се стави под контрола