Априлскиот извештај на Светската метеоролошка организација покажа дека Европа се затоплува повеќе од двојно побрзо од глобалната стапка

Западна Европа е погодена од топлотен бран за кој се очекува да ги сруши температурните рекорди. Половина од Франција е под црвена тревога, железничките услуги во Белгија се прекинати, а спортските настани во Шпанија и Германија се откажани или одложени.
Најмалку 18 лица починаа во Франција, вклучувајќи две деца што биле оставени во автомобил. Училиштата во Франција се затворени или распоредите се променети, а метеоролозите во Велика Британија предвидоа дека оваа недела температурите би можеле да ги срушат јунските рекорди.
Температурата во Бордо, град во Западна Франција, се искачи на 41,9 Целзиусови степени, надминувајќи го рекордот поставен минатиот август. Во Поатје во централна Франција, температурата достигна 41,2 степени. Во Сан Себастијан, во традиционално постудениот север од Шпанија, се очекуваше температурите да достигнат 40 степени, што е повеќе од двојно од историскиот просек на градот за 22 јуни.
Во Мадрид, јавното гледање на натпреварот на шпанската фудбалска репрезентација на Светското првенство против Саудиска Арабија беше откажано.
Во Германија, организаторите го откажаа финалето на тенискиот турнир Берлин Опен и ги евакуираа сите присутни поради силни грмотевици, откако температурите во германската престолнина надминаа 30 степени во текот на викендот.
Априлскиот извештај на Светската метеоролошка организација покажа дека Европа се затоплува повеќе од двојно побрзо од глобалната стапка. Службите за итни случаи не беа во можност да реанимираат две деца, на возраст од две и четири години, кои беа пронајдени во несвест во автомобил од нивната мајка, изјави обвинителот во Карпентрас, југоисточна Франција.
„Три постари лица, на возраст меѓу 80 и 95 години, починаа за време на викендот во регионот Бордо од здравствени проблеми предизвикани од топлотниот бран“,
изјави претставник на локалната власт.
Топлотниот бран што зафаќа големи делови од Европа е познат како Омега блок бидејќи е обликуван како грчката буква, со испакнатина од топол воздух во средината и постуден воздух од двете страни.
„Топлиот воздух доаѓа од Северна Африка, или Сахара, и се движи многу бавно. Затоа ја имаме оваа интензивна топлина“,
објасни Клер Барнс, истражувач за екстремни клими на Империјал колеџ во Лондон.
Британската Национална метеоролошка служба соопшти дека четиридневниот топлотен бран би можел да ги зголеми температурите над 39 Целзиусови степпени на некои места, лесно соборувајќи го јунскиот рекорд поставен во 1957 и 1976 година.
Париз, исто така, се очекува да ја забележи највисоката температура за јуни, при што живата веројатно ќе достигне 38,4 степени, според прелиминарните податоци од Метео-Франс.
Forte affluence au canal Saint-Martin transformé en piscite géante alors que la canicule continue à Paris.#canicule pic.twitter.com/qD6TVOp5PM
— Luc Auffret (@LucAuffret) June 21, 2026
„Гледаме температури помеѓу 5 и 10 степени над нормалните за овој период од годината, а во некои северни области дури и повеќе од 10 степени над просекот“,
рече Рубен дел Кампо, портпарол на шпанската метеоролошка агенција AEMET.
Италија, исто така, издаде црвени предупредувања за топлотен бран за 12 градови. Компанијата за комунални услуги Ирен ги дуплираше смените и додаде генератори за да се справи со спорадични прекини на електричната енергија во Торино.
