Во продолжение ви ги претставуваме петте најгледани „Саботажи“ објавени на нашата веб-страница и на нашите канали на социјалните мрежи во 2024 година
Во целата 2024 година на вести, брзо и проверено информирање, се трудевме да ви ги овозможиме најважните домашни и светски наслови. Посветено, секој ден, екипата на „360 степени“ се трудеше да ги задоволи интересите на своите верни читатели и следбеници на социјалните мрежи за актуелните случувања. Отворивме многу чувствителни теми дома, како политички така и социјални.
Во морето од вести не изостанаа и добропознатите „Саботажи“ на нашиот новинар Среќко Поповски.
Во продолжение ви ги претставуваме петте најгледани „Саботажи“ објавени на на нашата веб-страница и на нашите канали на социјалните мрежи во 2024 година. Нивната популарност, ја направија вашите „кликови“ и реакции.
Среќна Нова 2025 година! Со искрени желби за многу здравје и успех и во новата година…
5 најгледани „Саботажи“ на „360 степени“ за 2024 година:
„Песна-Саботажа“, емитувана на 1 јули 2024 година
„НедоПРЕМИНАТА Саботажа“, емитувана на 03 јуни 2024 година
„Раздишана Саботажа“, емитувана на 06 јуни 2024 година
„Жедна Саботажа“, емитувана на 10 октомври 2024 година
„Слалом-Саботажа“, емитувана на 19 декември 2024 година