Францускиот амбасадор во Скопје, Кристијан Тимоние, во изјава за весникот КОХА, вели дека очекува наскоро да се формира новата влада и да продолжи со консолидација на реформите кон европскиот пат на земјата.
Според Тимоние, главна задача на новата Влада треба да бидат судството, борбата против корупцијата, реформите во образованието и развојот на економијата.
„Се надевам дека новата влада ќе биде формирана наскоро, и да продолжи со ефикасни и кредибилни реформи, како и да се консолидира европскиот пат на земјата“,
вели Тимоние и додава дека мора да се создаде мнозинство базирано на програма и принципиелен пристап, за враќање на довербата во институциите.