Според министерството за внатрешни работи, француската полиција притворила 219 луѓе за време на денешните протести против високите трошоци на животот и за подобро образование. Инциденти се забележани во неколку градови како Марсеј, Гренобл и Лион. Демонстрантите палеле контејнери за отпадоци и ја гаѓале полицијата со разни предмети

Министерството за внатрешни работи објави дека денеска ширум Франција протестирале околу 106 000 луѓе, вклучително и 24 000 во Париз, за време на петтата недела од континуираните протести.
Сојузот на младински синдикати тврди дека имало 200 000 демонстранти ширум земјата, од кои 100 000 во Париз. Додека, за споредба, минатата самота имало 250 000 ширум земјата, вклучително и 75 000 во главниот град.

Според министерството за внатрешни работи, француската полиција притворила 219 луѓе за време на денешните протести против високите трошоци на животот и за подобро образование. Полицијата соопшти дека во Париз засега немало поголеми инциденти.
Инциденти се забележани во неколку други градови, вклучително во Марсеј, Гренобл и Лион. Демонстрантите палеле контејнери за отпадоци и ја гаѓале полицијата со разни предмети.

Во Лион, новинарска екипа била нападната од група демонстранти по што реагирала полицијата.
