Сообраќајката се случила вчера попладне околу 14:30 часот на крстосница од сервисна улица и регионален пат Скопје-Тетово кога 67-годишниот С.С. со својот „форд“ со скопски регистарски ознаки удрил во електричниот тротинет со кој управувало деветгодишното дете
Деветгодишно дете од скопското село Арнакија е тешко повредено откако вчера, возејќи електричен тротинет, било удрено од автомобил со кој управувал 67-годишен жител на истото село.

Сообраќајната несреќа се случила вчера попладне околу 14:30 часот на крстосница од сервисна улица и регионален пат Скопје-Тетово кога 67-годишниот С.С. со својот „форд“ со скопски регистарски ознаки удрил во електричниот тротинет со кој управувало деветгодишно дете.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники ‘Мајка Тереза’ Скопје“,
информираат од МВР.
На местото не несреќата извршен е увид од страна на увидна екипа на СВР Скопје.
Инаку, Собранието пред еден месец ги донесе измените на Законот за безбедност на сообраќајот, со кои на лицата под 18 години целосно им се забранува управувањето со електричен тротинет, а се заострува и казнената политика за сторителите на прекршоците предвидени во Законот.
