Министерот за внатрешни работи објави дека има и друга слична група
Групата „Јавна соба“ е затворена, информира вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
„Го поздравувам ваквиот чекор на платформата ‘Телеграм’ и порачувам дека оние што го прекршиле законот ќе бидат казнети бидејќи ние целосно ги документираме случаите. Истовремено, апелирам за внимателност бидејќи на платформата Телеграм има и друга слична група и ние соодветно ќе постапиме и за членовите на оваа група“,
напиша Спасовски.
Премиерот Зоран Заев денеска најави дека доколку од „Телеграм“ не одговорат на многубројните барања да ја затворат оваа група, не се исклучува можноста апликацијата да биде блокирана во земјава.
Според него, ова не е цензура на комуникација, но е нешто од што граѓаните мора да бидат заштитени.