Претседателите на САД и на Франција, Доналд Трамп и Емануел Макрон, во телефонски разговор се согласиле дека е неопходна реформа на Светска здравствена организација, изјави портпаролот на Бела куќа, Џуд Дир.
Тој на Твитер напиша дека двајцата лидери разговарале за позитивниот развој на настани во борбата против пандемијата со коронавирусот и напредокот за повторно отворање на светската економија.
Трамп претходно го стопира финансирањето на СЗО обвинувајќи ја дека не управува добро со пандемијата и ги промовирала „кинеските дезинформации“ за новиот коронавирус. Од СЗО, пак, тврдат дека не криеле ништо од која било држава во врска со пандемијата.