Американските експерти се важен дел од борбата на Светска здравствена организација против ковид-19 и од почеток на епидемијата ништо не сме криеле од која било држава, тврди СЗО.
Во СЗО од јануари годинава има околу 15 експерти на Американскиот центар за контрола на болестите (ЦДЦ) распоредени во Агенцијата на Обединети нации.
*Поврзана вест: Трамп: СЗО ја утна работата
„Тоа што имаме американски персонал од ЦДЦ значи дека ништо не било криено од САД од првиот ден“,
истакна генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.
Тој додаде дека поделбата помеѓу луѓето и политичките партии ја поттикнуваат пандемијата. СЗО порача 30 милиони дијагностички тестови за следните четири месеци и ќе испорача речиси 180 милиони хируршки маски во април и во мај, посочи Гебрејесус.
*Поврзана вест: Политико: Ковид-19 и критиките на Трамп – каде погрешија Кина и СЗО?
Тој додаде дека сега има повеќе од 600 болници подготвени да прифатат пациенти во рамките на таканареченото солидарно тестирање на лекови против новиот коронавирус.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, на 15 април нареди да се прекине американското финансирање на СЗО бидејќи е незадоволен од работата на оваа организација во текот на пандемијата со коронавирусот. Тој оцени дека СЗО не ја исполнила својата основна должност и дека за тоа ќе мора да одговара.
Трамп ја обвини СЗО дека промовирала „кинески дезинформации“ за новиот коронавирус, што, според него, довело до поголема епидемија.
Минатата недела тој побара од администрацијата привремено да го запре финансирањето на СЗО поради начинот на кој таа ја менаџираше пандемијата на коронавирусот.
САД се најголемиот донатор во СЗО. Минатата година оваа држава во СЗО дала повеќе од 400 милиони долари, што е околу 15 отсто од нејзиниот буџет, кој изнесува околу 4,5 милијарди долари.