Уште тројца вработени во рамки на Здравствен дом „Скопје“ се позитивни на ковид-19, информира директорот на оваа установа
Вработена во поликлиниката „Чаир“ е заболена од коронавирус и веднаш е ставена во изолација, по што е извршена дезинфекција на објектот, потврди денеска директорот на Здравствен дом „Скопје“, Виктор Исјановски, пренесува МИА.
Тој посочува дека досега во Здравствен дом „Скопје“ со коронавирус се заразени вкупно четворица вработени.
„Во Здравствен дом „Скопје“ дијагностицирани се позитивни тестови на четири лица и тоа телефонистка од поликлиниката „Чаир“, медицинска сестра од поликлиниката „Ченто“, возач на Итната медицинска помош, како и медицинска сестра од Домашната посета. За сите овие лица е одреден домашна изолација и земена е епидемиолошка анкета“,
рече д-р Исјановски
Додаде дека дезинфекција е извршена и во другите поликлиники, како и во Итната медицинска помош, а одлучено е вработените во Домашна посета покрај останатата заштитна опрема да носат и скафандери.