Харалд К. е осомничен за три точки од обвинението за тешко убиство. За кривично дело тешко убиство се казнува со максимална затворска казна од 40 години. Бидејќи се работи за три тешки убиства, доколку вкупниот број на казни се повеќе од 40 години, може да се изречат вкупно 50 години затвор. Ова е и максималната можна затворска казна во Хрватска
Харалд К., австриски државјанин кој живее и работи во Загреб, би можел да помине половина век во затвор доколку се докаже дека ги задавил своите три деца – близнаци, седумгоддишни момче и девојче и четиригодишнотто момче синоќа во својот стан во загребската населба Млинови.
Според хрватските медиуми, тој потоа се обидел да си го одземе животот.
Неговиот пријател ја известил полицијата за можен обид за самоубиство, откако причтитал проштална порака на Фејсбук. Кога полицијата пристигнала на местото на злосторството, го пронашла Харалд и три мртви деца.
Тој е осомничен за три точки од обвинението за тешко убиство. За кривично дело тешко убиство се казнува со максимална затворска казна од 40 години. Бидејќи се работи за три тешки убиства, доколку вкупниот број на казни се повеќе од 40 години, може да се изречат вкупно 50 години затвор. Ова е и максималната можна затворска казна во Хрватска.
Како што објавија медиумите, беживотите тла на трите деца полицијата ги пронашла во станот во кој тие престојувале со својот татко, инаку австрски државјанин.
медиумите објавуваат дека бил искусен финансиски консултант кој дипломирал на Донау-Университат Кремс со магистерски студии по бизнис-администрација (МБА), работел во некои водечки австриски лизинг-компании, но и на менаџерски позиции во „Роберт Бош АГ“, „Алкател АГ“ и други.
Како што пренесува Јутрањи лист, тој злосторството го најавил и на Фејсбук, каде меѓу другото напишал: „Збогум на сите“. Напишал и дека девојката го напуштила затоа што поранешната сопруга била лоша кон неа, и дека останал без пари. Тој исто така зборува дека во последната година и пол се обидувал да се врати на работа, но од „браќата од масонската ложа“ не добил помош.