Светската здравствена организација (СЗО) денеска ги ажурираше своите упатства и им препорача владите да ги замолат сите да носат маски за лице од ткаенина во јавност во области каде постои ризик да го пренесат ковид-19, со цел да помогнат при намалување на ширењето на пандемијата.
Во своите нови упатства, поттикнати од докази од студии спроведени во последните неколку недели, СЗО истакна дека маските за лице се само една од низата алатки кои можат да го намалат ризикот од пренесување на вирусот и не треба да даваат лажно чувство на заштита.
„Ги советуваме владите да ја охрабрат јавноста да се носат маски. И тоа маска од ткаенина, односно немедицинска маска, Имаме нови истражувачки сознанија. Сега имаме докази дека ако се користи правилно, маската може да обезбеди бариера … за потенцијално заразните капки“,
рече експертот за ковид-19 во СЗО, Марија Ван Керков.