Усвоен е протоколот за превентивни мерки од ковид-19 за сите работни места
Владата на денешната седница го усвои Протоколот за превентивни мерки за сите работни места за спречување на пренесувањето на ковид-19 за сите работни места и за сите луѓе на работното место, како што се работодавците, раководителите, работниците, договарачите, клиентите и посетителите.
Протоколот вклучува мерки кои се однесуваат на: личната хигиена и заштитна опрема, препораки за респираторната хигиена и физичкото растојание во работните простории, како и редуцирање на патувања поврзани со работата и посебна организација кога е неопходно да се спроведат.
Протоколот за превентивни мерки за сите работни места за спречување на пренесувањето на ковид-19 опфаќа и препораки и мерки за редовно чистење и дезинфекција на работната средина, постојана комуникација, обука и едукација за ризици, како и постапки кога е потребно менаџирање на вработените кај кои се појавуваат симптоми што одговараат на ковид-19.