Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, како „алармантно и трагично“ го оцени постојаното зголемување на бројот на смртни случаи од коронавирус низ светот.
„Во текот на последната недела бројот на смртни случаи се зголеми за над 40 000, надминувајќи 123 000“,
изјави тој на дипломатскиот брифинг во Женева, пренесуваат светските агенции.
Генералниот директор потсети дека според СЗО во светот има околу два милиона потврдени случаи на коронавирус. Тоа, заедно со зголемувањето на смртноста, „е алармантен и трагичен раст“, изјави Гебрејесус.
Според најновите податоци на „Ворлдометерс“, бројот на заразени во светот е 2 097 914 луѓе, од кои 135 707 досега починале, а 523 478 луѓе се излечени.