Комисијата вчера издаде препорача лекот „барицитиниб“ на „Ели Лили“, кој се продава под брендот „олумиант“ (Olumiant), за пациенти со тешка форма на ковид-19, кој би се давал во комбинација со кортикостероиди, додека за полесни пациенти со најголем ризик од хоспитализација ја поддржува терапијата со антитела „GSK-Vir“
Јапонија уште во април лани го одобри лекот „барицитиниб“, за лекување на пациенти со ковид. Тој се препишува за пациенти со ревматоиден артритис или атопија. Лекот е одобрен за итна употреба и во САД во ноември
Панел на Светската здравствена организација (СЗО) денеска препорача употреба на два лека – на фармацевтската компанија „Ели Лили“ и на „Глаксо Смит Клајн“ и „Вир бајотехнолоџи“, со што за лекување на пациенти со ковид-19 се овозможуваат уште две нови опции во услови на брзото ширење на сојот омикрон.
Комисијата вчера издаде препорача лекот „барицитиниб“ на „Ели Лили“, кој се продава под брендот „Олумиант“ (Olumiant), за пациенти со тешка форма на ковид-19, кој би се давал во комбинација со кортикостероиди, додека за полесни пациенти со најголем ризик од хоспитализација ја поддржува терапијата со антитела „GSK-Vir“.
Досега терапијата со моноклонални антитела „GSK-Vir“ беше единствената што покажа ефикасност против омикрон во лабораториски тестови, додека слични третмани од други компании покажаа помала заштита при ваквите тестирања.
Во упатствата на СЗО, објавени во Британскиот медицински журнал, исто така, се наведува дека тестирањата покажале оти „барицитиниб“ ја намалува стапката на смртност и потребата за респиратор, без да има зголемување на несакани ефекти.
Јапонија уште во април лани го одобри лекот „барицитиниб“, за лекување на пациенти со ковид. Тој се препишува за пациенти со ревматоиден артритис или атопија. Лекот е одобрен за итна употреба и во САД во ноември.
Француската медицинска хуманитарна организација „Лекари без граници“ ги поздрави упатствата на Обединетите нации, посочувајќи дека „барицитиниб“ може да биде потенцијална алтернатива на тековните третмани со моноклонални антитела препорачани од СЗО, кои сè уште недостасуваат во многу земји со низок и среден приход.
Податоците на СЗО покажуваат дека омикрон, кој ја избегнува заштитата што ја обезбедуваат многу вакцини и терапии, е идентификуван во 149 земји. Омикрон брзо ја замени делта-варијантата како доминантна во неколку држави, принудувајќи ги владите и научниците да ја зајакнат одбраната преку тестирање, инјекции и терапии.