Од досега администрираните 10 милијарди дози вакцини против коронавирус има уште три милијарди луѓе кои ја чекаат првата доза, предупредува високата претставничка Марија ван Керхове
Високата претставничка на Светската здравствена организација, , денеска ги предупреди земјите кои мислат дека ставиле крај на пандемијата на коронавирусот бидејќи бележат пад на бројот на новозаразени дека омикрон не е последниот сој на оваа пандемија.
„Земји како Велика Британија, каде што има развиено високо ниво на имунитет на населението од инфекции, каде што покриеноста со вакцинација е висока, ќе видат разлика во иднина. Вие се наоѓате во втората фаза од пандемијата“
рече Керхове за Би-Би-Си.
Таа истакна дека од досега администрираните 10 милијарди дози вакцини против коронавирус има уште три милијарди луѓе кои ја чекаат првата доза.
„Сè уште имаме многу чувствителна популација. Тоа е глобален проблем и затоа мораме да го третираме со глобални решенија“,
рече таа, додавајќи дека пандемијата на коронавирусот нема да заврши со овој бран на омикрон и дека тоа не е последниот сој за кој ќе зборува.