Четири лица го прекршиле полицискиот час изминатата ноќ во Тетово, информира тетовската полиција. Сите биле приведени во полициска станица и за нив ќе бидат поднесени пријави согласно Кривичниот законик.
Вакви пријави, од воведувањето на полицискиот час досега, се поднесени против вкупно 83 лица.
Вкупниот број лица спроведени во државен карантин на тетовско подрачје е 210, додека бројот на оние со потпишани изјави за самоизолација изнесува 55, велат од СВР Тетово.