Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека САД се подготвени и во можност да помогнат за справување со последиците од потресите. Покрај САД, помош за Венецуела понудија и латиноамериканските земји, меѓу кои Мексико, Аргентина, Боливија, Бразил, Чиле, Еквадор, Ел Салвадор, Панама и Угугвај. Дел од нив веќе испраќаат помош во форма на спасувачки тимови и медицински персонал, лекови и основи залихи
Повеќе светски лидери изразија сочувство до властите и граѓаните на Венецуела и понудија помош во спасувачките напори по двата разорни земјотреси што ја погодија јужноамериканската земја.

Шпанскиот премиер Педро Санчез ја најави целата своја поддршка и поддршката на Шпанија до Венецуела.
„Нашите мисли се со жртвите и нивните семејства“,
порача Санчез во објава на Икс.
Министерот за надворешни работи на Шпанија, Хозе Мануел Албарес, исто така, рече дека се подготвени да обезбедат итна помош за да помогнат во санирањето на последиците и згрижување на погоденото население.
Претседателот на Пакистан, Шехбаз Шариф, рече дека е длабоко загрижен поради загубените животи во двата земјотреси и изрази сочувство до владата и народот на Венецуела, а особено до семејствата на жртвите.
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека САД се подготвени и во можност да помогнат за справување со последиците од потресите.
„Двата големи земјотреси што штотуку ги погодија прекрасните луѓе на Венецуела се од огроми размери и зад себе оставија катастрофален број смртни случаи. САД се подготвени и во можност да помогнат! Им наложив на сите агенции на нашата влада да се подготват за брзо дејствување. Ќе бидеме таму за нашите нови и големи пријатели“,
напиша Трамп во објава на Трут соушл.
Покрај САД, помош за Венецуела понудија и латиноамериканските земји, меѓу кои Мексико, Аргентина, Боливија, Бразил, Чиле, Еквадор, Ел Салвадор, Панама и Угугвај. Дел од нив веќе испраќаат помош до Венецуела во форма на спасувачки тимови и медицински персонал, лекови и основи залихи.
