Претседатеот Стево Пендаровски упати честитки до сите православни верници во Република Северна Македонија по денешната заедничка литургија во Фанар (Истанбул), на патријархот Вартоломеј и архиепископот Стефан. Ова е историски чин за нашата македонска национална историја, порача шефот на државата.
Сослужувањето на патријархот Вартоломеј и архиепископот Стефан во соборниот храм „Свети Георгиј Победоносец“ во Фанар се одвиваше и на македонски јазик што само по себе е историски чин.
Станува збор за историска богослужба откако во четвртокот вселенскиот патријарх Вартоломеј на архиепископот Стефан му го предаде Патријаршискиот и синодален акт на Вселенската патријаршија за примање на Охридската архиепископија (ОА) во богослужбено и канонско единство, а вчера делегацијата на ОА молитвено присуствуваше на празнична Божествена литургија по повод именденот на вселенскиот патријарх.
Во беседата, Поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот г.г. Стефан го замоли патријархот Вартоломеј да ја признае Охридската архиепископија за автокефална.
ПОВЕЌЕ НА ОВАА ТЕМА:
Петровска: Направен е голем исчекор до добивање на томос за целосна автокефалност
Историја во живо: Во Вселенската патријаршија се богослужи на македонски јазик
(ВИДЕО) Верници во Фанар: Сведочиме историски чин, нашата Охридска архиепископија повторно блеска