Бевме во куќата кога се слушна пукање. Видовме дека сите лежат едни врз други. Таткото на мојата девојка тргна кон него. Тој пукаше, но го промаши и избега, раскажува жител на селото кај Младеновац

Немања Игнатовиќ, жител на селото Дубона кај Младеновац, каде што се случи масовното убиство, во изјава за српските медиуми раскажува дека маж се обидел да го спречи напаѓачот и тргнал кон него.
Човекот што се обидел да му се спротивстави на осомничениот е татко на девојката на очевидецот. Тие биле заедно, стотина метри од местото на крвавото злосторство.
„Бевме во куќата кога се слушна пукање. Видовме дека сите лежат едни врз други. Таткото на мојата девојка тргна кон него. Тој пукаше, но го промаши и избега. Тргнавме да ги извлекуваме децата и да ги ставаме во автомобилот. Во меѓувреме, стигна Брзата помош и лекарите констатираа дека братот и сестрата се мртви“,
раскажува Игњатовиќ, пронесува Н1 ТВ.
Куќата во која се наоѓал тој во моментот на масакрот се наоѓа наспроти училишниот двор каде што се случи пукањето, од другата страна на улицата.
Други жители на селото раскажуваат и дека осомничениот и претходно бил проблематичен и наводно, пред извесно време, нападнал и службено лице.
Осомничен за нападот е 21-годишниот Урош Б. По масакрот, синоќа околу 23 часот тој се даде во бегство, а полицијата успеа да го уапси утрово околу 8 часот во куќа во селото Вињиште кај Крагуевац.
Во масовното убиство настрадаа осум жртви, а 14 беа ранети.
*Поврзани вести:
- Српското МВР потврди: Осомничениот за масакрот кај Младеновац е уапсен во населбата Грошница, во околината на Крагуевац
- (ФОТО) Српската полиција објави фотографија од уапсениот за масакрот кај Младеновац
- Нова ТВ: Осомничениот масовен убиец од Младеновац под закана натерал таксист да го однесе во скривалиштето
- (ФОТО) Трагите од крв сведочат за синоќешниот масакр кај Младеновац