Неофицијално, јавува телевизијата, тој побарал скривалиште кај роднина кој живее во селото и, наводно, се скрил во викендичка што ѝ припаѓа на неговата мајка
Осомничениот масовен убиец од Младеновац, Урош Б. (21), утрово беше уапсен во близина на Крагуевац, а до местото каде што се криел отишол со такси.
Според неофицијални информации што ги пренесува Нова ТВ, пред апсењето тој влегол во такси-возило и со закана го натерал таксистот да го однесе во селото Вињиште.
Неофицијално, јавува телевизијата, тој побарал скривалиште кај роднина кој живее во селото. Наводно, се скрил во викендичка што ѝ припаѓа на неговата мајка.
Семејството на мајката е угледно во селото, а вујкото, велат мештаните, важи за човек со „домаќинска куќа“, јавува репортерката на Нова ТВ.
Полицијата сè уште не им дозволува на новинарските екипи пристап до селото.
Осомничениот масовен убиец, синоќа уби осум лица, а рани 14 со автомобил во движење. Пукал на три локации во селото Дубона кај Младеновац, по што почнал да бега. Потрагата по него траеше од синоќа. На терен беа повеќе од 600 специјалци, а беше ангажирана и хеликоптерската единица на српското МВР.
Неофицијалните информации говорат дека пукањето започнало по расправија во училиштен двор по која осомничениот заминал дома, ја зел пушката и почнал да пука. Меѓу првите жртви беа полицаец и неговата сестра додека идентитетот на другите жртви сè уште не е познат.