Државната служба за вонредни ситуации (ДСНС) соопшти дека руските воздушни напади оштетиле згради во Киев и повредиле седум лица во пристанишниот град Одеса на Црното Море. Меѓу овие повредени имало и две деца

Повеќе од десет лица се повредени, меѓу кои има и деца, во руските воздушни напади врз неколку региони во Украина, соопшти претседателот Володомир Зеленски.
Тој вели дека во нападите со балистички ракети, други ракети и беспилотни летала во Киев и Одеса биле погодени обични станбени згради, а имало напади и на енергетски објекти.
Државната служба за вонредни ситуации (ДСНС) соопшти дека руските воздушни напади оштетиле згради во Киев и повредиле седум лица во пристанишниот град Одеса на Црното Море. Меѓу овие повредени имало и две деца.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, информира дека остатоци од проектили паднале врз магацини и во близина на бензинска пумпа, меѓу другите локации, изјави градоначалникот Виталиј Кличко.
Државната служба за вонредни ситуации информира дека напади имало и во областа Днепар, каде биле оштетени неколку згради и имало прекин на водоснабдувањето во одделни населби. Според украинските воздухопловни сили, со балистички ракети бил нападнат и Запорожје на југот на Украина.
