Се чека одлука од Судот по поднесените шест обвинителени акти и едне обвинителен предлог против вкупно седум лица, за несреќата кај Ласкарци каде загина 16 лица а 38 се здобија со повреди.
Основно јавно обвинителство Скопје ја објави листата обвинети и кои се осомничени за несреќата.
- Сопственикот на ”Дурмо Турс ”
- Одговорно лице за возен парк ” Дурмо Турс ”
- Вработен во станица за технички преглед ” Дурмо Турс ”
- Вработен во станицата за технички преглед ” Дурмо Турс ”
- Вработен во станицата за технички преглед ” Дурмо Турс ”
- Возачот на автобусот
За сите шест лица за кои има обвинителен акт се бара притвор. Досега, тие беа во куќен притвор.
ОЈО Скопје, додава дека е поднесен и обвинителен предлог против едно лице кое не е именувано ниту со иницијали ниту пак каде е вработено. Обвинителниот предлог значи дека се товари за дело за кое е предвидена казна затвор помала од пет години.
Повеќе детали за причините поради кои се обвинети овие лица, можете да прочитате ТУКА.