Како што соопштија од Јавното обвинителство, акцијата со кодно име „Кипер“ е резултат на предистражна постапка што се спроведувала од септември 2023 година до месец јуни годинава, во која од слобода се лишени пет лица, едно лице е веќе на издржување мерка притвор во КПУ Затвор „Скопје“ за сторено кривично дело криумчарење мигранти, додека на другото лице кое е во бегство му е определена мерката притвор во отсуство во друг кривичноправен настан
Судот ги прифати предлозите на Јавното обвинителство за изрекување на 30-дневен притвор на седумчлената организирана криминална група која се сомничи дека на територијата на државата извршувала кривично дело криумчарење на мигранти.
Како што соопштија од Јавното обвинителство, акцијата со кодно име „Кипер“ е резултат на предистражна постапка што се спроведувала од септември 2023 година до месец јуни годинава, во која од слобода се лишени пет лица, едно лице е веќе на издржување мерка притвор во КПУ Затвор „Скопје“ за сторено кривично дело криумчарење мигранти, додека на другото лице кое е во бегство му е определена мерката притвор во отсуство во друг кривичноправен настан. При извршените претреси биле пронајдени и одземени патничко моторно возило, прашкаста материја, вага и мобилни телефонски апарати што лицата ги користеле за извршување на кривичното дело.
Според обезбедените докази од предистражната постапка во текот на 2023 година и 2024 година, како што информираат од Обвинителството, првоосомничениот заедно со две лица – странски државјани и тоа едно идентификувано лице по потекло од Пакистан и Н.Н., лице државјанин на Република Србија, се здружиле и организирале меѓународна криминална група во земјава.
Оваа група била дел од меѓународна криминална мрежа, која заради стекнување имотна корист со однапред определени задачи извршувала кривични дела криумчарење на мигранти. Во временскиот период од месец септември 2023 година до месец јуни годинава осомничените организирале илегално пренесување на групи мигранти државјани од Сирија и други земји од Блискиот и Далечниот Исток и земји од Африка – Ирак, Конго и Нигерија преку илегални премини на т.н. „зелена граница“.
