Судијката Емилија Шопар Јованова, претседателка на Комисијата, информира дека излезеноста на денешните избори била 87 отсто, односно од вкупно 365 судии запишани во судскиот изборен именик, гласале 316. Неважечки се 29, а 49 ливчиња не биле употребени
Судијката Џенета Бектовиќ од Основниот кривичен суд Скопје е избрана за нов член на Судскиот совет на Република Северна Македонија од редот на судиите припадници на заедниците што се помалку од 20 отсто од населението. Таа, воедно, беше и единствената кандидатка за оваа позиција во Советот.
Од Комисијата за спроведување на изборите за член на Судскиот совет информираат дека Бектовиќ добила вкупно 287 гласа.
Судијката Емилија Шопар Јованова, претседателка на Комисијата, соопшти дека излезеноста на денешните избори била 87 отсто, односно од вкупно 365 судии запишани во судскиот изборен именик, гласале 316. Неважечки се 29, а 49 ливчиња не биле употребени.
„Кандидатот доби 287 гласови. Со тоа, Џенета Бектовиќ е новиот член на Судскиот совет на РСМ. Избрана е со голема поддршка од 90 отсто“,
рече таа.
Судскиот совет го сочинуваат 15 члена, од кои осум се избираат од редовите на судиите, тројца избира Собранието и двајца членови се на предлог на претседателот на државата.
Членови без право на глас во Судскиот совет се и претседателот на Врховниот суд и министерот за правда. Тие се избираат со мандат од шест години, со право на уште еден реизбор.