Зоран Милески-Кичеец, кој е второобвинет во случајот „Рекет“, призна вина.
Признанието го даде откако обвинителката Вилма Русковска ги прочита воведните зборови.
Кичеец рече дека признанието го дава своеволно и без влијание од никого.
Кичеец е обвинет за делото примање награда за противзаконито влијание.
Постапката против него ќе биде раздвоена бидејќи останатите обвинети, Катица Јанева и Бојан Јовановски, се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.
„Не чувствувам ни трошка вина“, рече Јанева.
Јовановски, пак, покрај тоа што рече дека не се чувствува виновен, уште еднаш се пожали на здравствената состојба.
„Не се чувствувам добро и едвај стојам. Жалам што сум во ваква состојба, но не се чувствувам виновен за ниту едно од двете кривични дела“, рече тој.
На изјаснувањето на обвинетите претходеа воведните зборови на обвинителката Русковска и на одбраната.
Повеќе детали за стартот на судењето, обвинението, судијката која го води рочиштето и делата што им се ставаат на товар на обвинетите можете да прочитате ТУКА.