Сите студенти што живеат во некои од студентските домови од денеска треба да ги напуштат своите соби, информира Студентскиот државен студентски центар.
Директорот на Студентскиот државен центар „Скопје“, Дарио Николовски, вели мерката следува по владините препораки за превенција од коронавирусот, па апелира студентите да не престојуваат во домовите во наредните 14 дена.
„Ние мораме да се грижиме за јавното здравје. Апелот до студентите е испратен денеска, а од утре ќе почнеме и со контроли. Јас се надевам дека свеста кај студентите работи и дека ќе ја почитуваат одлуката“,
вели Николовски за „360 степени“
Согласно препораките на Владата, заедно со градинките и училиштата, во наредните денови нема да работат ниту факултетите низ земјава.
Поврзана вест:
Од утре во Македонија се затвораат сите градинки, училишта и факултети поради коронавирусот