Според струмичките пожарникари, при интервенцијата во просторијата е пронајдено починатото лице кое било зафатено од пламенот
Струмичанец на возраст од околу 60 години денеска почина од пожар предизвикан од греалка, информираат од СВР Струмица.
Оттаму посочија дека денеска по 12 часот е пријавено дека едно лице починало во сопствениот дом.

Како што за МИА изјави Митко Димчев, инспектор за пожари во Дирекцијата за заштита и спасување (ДСЗ), според првичните информации станува збор за несреќен случај, во кој починатото лице веројатно паднало врз вклучена греалка, која предизвикала чадење, по што починатиот се задушил.
Во гаснењето на пожарот во една просторија од куќата интервенирале четворица пожарникари со едно противпожарно возило.
Според струмичките пожарникари, при интервенцијата во просторијата е пронајдено починатото лице кое било зафатено од пламенот.
Покрај полицијата, на местото на несреќата увид извршил и јавен обвинител од ОЈО Струмица.